Македонија
26. јуни 2022 - 16:40

ВМРО-ДПМНЕ и денеска бара оставки, СДСМ ја обвинува опозицијата за рушење на позициите

Македонија никогаш не смее да го потпише протоколот со Бугарија бидејќи со него се вметнуваат сите бугарски барања во преговарачката рамка. Поранешниот македонски амбасадор во Бугарија на партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Македонија потпишала исклучително штетен договор за добрососедство со Бугарија. Вели дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ мора да продолжи да преговара со источниот сосед, но со барање за измени во овој договор

Поранешниот шеф на дипломатијата вели дека Македонија доживеала голем дипломатски пораз после кој актуелната влада веќе нема легитимитет.

Од СДСМ велат дека во преговорите со Бугарија ги штитат националните интереси. Ја обвинија опозицијата за деструкција.

Бугарското Собрание во петокот изгласа одлука која самото ја нарече кревање на ветото иако во суштина, само го прифати францускиот предлог иако ден претходно, истиот беше одбиен од македонскиот премиер Ковачевски. Сега се чека на Франција која има рок до крајот на месецов да излезе со нов предлог кој за да биде прифатлив за Македонија ќе мора да гарантира старт на преговорите па потоа промена на Уставот, исфрлање на историските прашања од преговарачката рамка и гаранции за македонскиот јазик.