ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните земаат помала просечна плата за 1.200 денари
Криминалната власт на СДСМ и Зоран Заев ја уништи македонската економија и им донесе сиромаштија на македонските граѓани.
Просечната плата, наместо да расте, се намалува. Граѓаните земаат помала просечна плата и тоа помала за 1.200 денари.
Според податоците на ДЗС просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година изнесува 24.517 денари. А, пак просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2018, изнесува 25.784 денари, со што сега има намалување за 1.200 денари.
СДСМ тотално потфрли на економски план. Заради лошите економски политики на власта, граѓаните се се повеќе сиромашни. Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а власта дополнително удира по нивниот џеб.
Дека СДСМ се неспособни говори и фактот што во јануари реализацијата на капиталните инвестиции изнесува срамен 1%, а извозот бележи пад од 1,9% споредено со минатата година. Да биде уште потрагично имаме пад од дури 12,6 проценти во ИТ индустријата.
Економската катастрофа која и ја приреди СДСМ на Македонија мора да запре.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто