Македонија
9. December 2021 - 8:47

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се во ценовен шок, платите не стигаат ниту за основните продукти

Исто како и со недостатокот на капитални инвестиции, исто како и со неработата на градоначалниците на СДСМ во општините, исто како задоцнетата набавка на вакцините и неколкуте економски пакети на мерки кои ништо не продуцираа на реалниот сектор ниту пак спасија работни места. Сега Владата е во нов неуспех, глумат дека се разбираат од економија па решија да ги замрзнат веќе поскапените производи.

 Лесно е да се водат економски политики на хартија од владините фотелји, тешко му е на народот да купи она коешто му е потребно со празни џебови.
Потрошувачката моќ на граѓаните е се послаба, затоа што платите не се доволни за живот, ниту две минимални плати не стигнуваат за нужни трошења. Повеќе од 3000 денари е потрошувачката кошница за разлика од пред две години. Ако на сето тоа го ставиме секојдневното зголемување на горивата, цената на електричната енергија која веќе неколку пати е зголемена, а најавите се дека ќе биде и до плус 20 % зголемена, реалноста е дека сме во тешка и невидена економска криза.

 Граѓаните се веќе во ценовен шок, Бектеши треба да искочи од владината фотелја и да проба да преживее еден месец со потпросечната плата која ја земаат осиромашените граѓани.

Јавноста компарира цени на производи од земјите во ЕУ во споредба со цените тука, нелогично е на основни производи цените во Македонија да се повисоки од цените во некои земји на ЕУ чии просечни плати се 2000 евра. Не може млекото и лебот и останати производи да се поевтини во Германија отколку кај нас.

 Оваа Влада не успеа да донесе подобар живот за граѓаните, а со нејзините погубни економски мерки и одлуки, не само што не им дадоа помош туку им одмогнаа на граѓаните и стопанството.

Потребна е навремена правилна економска интервенција која ќе го ублажи ценовниот шок. Неспособноста на Владата, погубните задоцнети мерки и прекумерната сиромаштија ќе бидат минато, на граѓаните им е потребна нова иднина, потребни се предвремени парламентарни избори за излез од мизеријата во која не потона Заев и ова влада.