ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не видоа ништо добро и корисно освен поскапување на струјата
Граѓаните не видоа ништо добро и корисно од оваа мафија на власт на чело со Заев, освен поскапување на струјата. На подмолен и шверцерски начин ја покачија цената на струјата во сред епидемија. Па, сега испаѓа дека граѓаните плаќаат 13-та сметка за струја.
Неспособната СДСМ беше оцрнета и во извештајот на Европската комисија за енергетика, која им препорача дека треба да се инвестира во нови ресурси и дека се потребни поголеми инвестиции во енергетската ефикасност.
СДСМ и Заев само ветуваат проекти овие четири години, но ниеден не остварија. Проектот Чебрен Зоран Заев вети дека ќе почне да се гради уште во 2019 година, а до ден денес нема ништо. Истото е и со гасификацијата на ТЕЦ Неготино. Ветуваа гасификација и природен гас до сите домаќинства во државата, но на оваа криминална влада побитно им беше за четири години да ја задолжи државата со рекордни 7 милијарди евра, од кои пари граѓаните не видоа ниту денар. До толку е неспособна оваа влада на Заев што неможе да ја довршат гасификацијата која што им беше оставена во напредна фаза од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Енергетиката за оваа неспособна влада е црна дупка. Неспособната СДСМ покажа дека знае само да продава, а ништо да не гради. Најголемата реформа на оваа мафија на власт и Заев е тоа што ја поскапеа цената на струјата.
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа