ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните денес од Заев очекуваа да видат план за борба против корупција, а видоа само млатење празна слама и заштита на криминалот
Се тресеше гората, се роди глушец.
Граѓаните денеска од Заев очекуваа да видат план за борба против корупцијата, а видоа само млатење празна слама.
Заев дуваше балон дека ќе презентира голем акциски план против корупцијата, а никаде не слушнавме до каде е со постапката за парите во „Рекет“, во која според првообвинетиот и сега осуден Бојан Јовановски – Боки 13 кој ја носеше торбата со пари, парите завршиле кај фамилијата Заеви, дали има истрага или случај против Ден Дончев кој ставаше туциња пари во торба, Нема одговорност ниту за Рашковски и популарното „Леонардо вил вин“.
До сега никој не одговарал за бегството на партнерот на Заев, Сашо Мијалков.
Заев не кажа ниту зошто нема одговорност и постапка за криминал од речиси половина милијарда евра за пропаѓањето на Еуростандард и зделката со ШИК ЈЕЛАК.
Наместо конкретни работи, од Заев слушнавме за компјутери, и дека ќе ги поврзувал институциите, дека ќе набавувал компјутери и компјутерски системи, и за изработка на сајтови кои гледаме како секој ден му паѓаат.
Очигледно е дека Заев нема интерес да се бори против корупцијата, туку е нејзин заштитник, затоа што нема криминален случај во Македонија, во кој на некој начин не се појавува неговото име или име на негов близок соработник.
Срамно е и што до аболираниот криминалец, Заев денеска беше Љупчо Николовски, чиј брат со неговата фирма прима кеш пари спротивно на закон.
Не слушнавме ниту коментар од Заев за коруптографијата на Филипче, и како потпишал набавка на томографи за 15 милиони повеќе од првично понуденото.
Заев мора да знае дека колку и да се обидува да релативизира, дека за сиот криминал и корупција ќе мора да одговара, и од тоа нема бегање.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот