ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се самоорганизираат, вечерва ќе се чистат улиците полни ѓубре
Неажурноста и неспособноста на градските власти и Данела Арсовска резултираа со купишта ѓубре по улиците низ Скопје.
Главниот град со денови тоне во смет, а градската власта само се расправа со вработените, додека ѓубрето шири неподнослива миризба низ урбаните средини.
Граѓаните се оставени на пеколни температури да ја трпат миризбата, и да бидат изложени на потенцијални зарази, затоа што градските власти не можат да го соберат ѓубрето од улиците.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на општините во состав на град Скопје, гледајќи ја неспособноста на градските власти и Арсовска вечерва се самоорганизираат и градоначалниците Тимчо Муцунски на Аеродром, Орце Ѓорѓиевски на Кисела Вода, Бобан Стефковски на Гази Баба, Александар Стојкоски на Ѓорче Петров и Дарко Костовски на Бутел ќе бидат на терен со општинските служби во чистење на Скопје од ѓубрето во кое тоне градот заради Арсовска и неспосбните градски власти.
Со цел брзо и ефикасно чистење побарана е помош од повеќе општини од внатрешноста на државата, управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе испратат возила за собирање на ѓубре.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи скопјани да трпат заради нечија неспособност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон