ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците од ДУИ и СДСМ немаат ништо сработено
Градоначалниците на ДУИ и СДСМ камен на камен немаат ставено. Поминаа локалните избори, поминаа и 100 дена, а градоначалниците од ДУИ и СДСМ ништо не работат.
Во Кичево градоначалникот на СДСМ и ДУИ ветуваше изградба на улицата Борис Кидриќ од болницата до обиколница Скопје-Охрид до крајот на 2021 –ва и ништо не направи. Си постави рок дека ќе ја заврши и улица „Ужичка“ до крајот на 2021-ва и како што поминаа изборите, така ја остави целата раскопана. Останаа нечепнати ниту проектите за изградба на патот кој ги поврзува селата Грешница и Длапкин Дол и реконструкцијата на градскиот плоштад, на кои после изборите нема никакви активности.
Во Крушево пак, градоначалникот Томе Христоски ветуваше брда и долини, ама по завршувањето на изборите до сега нема со прст мрднато. Не постави подземни контејнери, ниту пак набави камион за отпад , ниту има контејнери во населените места. Не е отпочната долгонајавуваната доградба на инфраструктурата и проширување на индустриската зона Опаленик. За жал, не е отпочнат ниту проектот за зафаќање на нови извори за водоснабдување на Крушево, како и проектот за Систем за далечинска контрола и мониторинг на потрошувачката на вода за пиење.
Дека нема никакви активности на градоначалниците на ДУИ и СДСМ пример е и општина Дебар. Таму ДУИ и СДСМ ветуваа паркинг во Горно Косоврасти и асфалтирање на пат во село Отишани. Ниту е почната изградба, ниту пак некој слушнал за некакви активности. И тоа што го почнаа го оставија на половина, како што е изградбата на локалниот пат од мостот на влезот до центарот на село Долно Косоврасти. Очигледно дека на СДСМ и ДУИ им беше битно да поминат изборите и после сите ветувања ги оставија само на хартија.
Ете така функционира мафијашката власт на ДУИ и СДСМ. Ветувањата им се лажни и остануваат само мртво слово на хартија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во Тетово приведен бегалец од затвор
-
НБА суспендираше петмина кошаркари за тепачката во Минеаполис
-
У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа квалификациите во Б дивизијата
-
Премиер лигата воведува полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд
-
Јокиќ постави рекорд во НБА
-
40 годишник од Штип возел со 1,77 промили алкохол во крвта без положен возачки испит
-
Здружение за заштита на потрошувачи во Србија повикува на месечен бојкот на трговски синџир
-
Посебен режим на сообраќај во дел од град Скопје поради излевањето на Маркова река