ВМРО-ДПМНЕ: Градинката во завршна фаза во Сопиште е проект на општината и на нашиот градоначалник
Шахпаска и Заев пред да се фалат со нешто што не е нивен проект, нека кажат дека да не беше општина Сопиште и успешното менаџирање на истата од страна на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски, немаше сега да има градинка во завршна фаза, туку ќе беше како и во сите други општини каде што нивните градоначалници потфрлија и ништо не работат.
Градинката која што се прави е со европски пари обезбедени од страна на општината, а не со пари на централната влада.
Во септември 2018 година општина Сопиште определи маркица за изградба на втора детска градинка на територија на општината, една година подоцна во септември 2019 година општина Сопиште изработи целосна проектна документација за изградба на истата, а веќе во септември 2020 година општината издаде градежна дозвола за изградба на детската градинка.
Дополнително општина Сопиште во јануари 2018 година аплицираше на ИПА повик од програмата на пред пристапни фондови од ЕУ за изградба на втора детска градинка.
Целата постапка и детската градинка која е во завршна фаза е проект на општина Сопиште и градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, всушност тоа е разликата помеѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и со тие проекти се фали и владата, а градоначалниците од СДСМ крадат и прават криминал.
Наскоро сите општини во Македонија ќе бидат менаџирани успешно и ќе се гради. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани
-
ДСЗИ околу здравствената евиденција не констатира недостатоци во случајот со починатиот пациент од Кардиохирургија