Македонија
2. March 2021 - 16:39

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче за ,,коруптографија‘‘, МЗ тврди дека постапката е во тек

Опозицијата обвинува за коруптивна набавка во здравството. Според ВМРО-ДПМНЕ станува збор за наместен тендер за набавка на томографи наменети за болниците во Гевгелија и Кавадарци. За главен виновник го посочија министерот за здравство кој наводно платил 244 000 евра( 15 милиони денари)  повеќе од првичната цена. 

Министерството за здравство ги негира обвинувањата. Од таму велат дека постапката е во тек и е во фаза на повторена евалуација, откако 3 понудувачи поднеле жалба.

Од страна на Државната комисија за жалби по јавните набавки беа донесени Решенија со кои постапката ја враќаат на повторна евалуација. Повторната евалуација на понудите се уште е во тек и од страна на МЗ нема донесено никаква одлука за избор или поништување, што значи постапката се уште не е завршена, однсоно е во тек, пишува во демантот на Министерството за здравство.