ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да избегне одговорност
Ситуацијата е под контрола, ама бројката на заболени од корона секој ден се зголемува.
Ситуацијата е под контрола, ама ќе ја ставиме во функција Модуларната болница.
За каква контрола говори Филипче на своите гостување по телевизии додека секој ден умираат граѓани од корона, а нема ни една вакцина.
Или на контото ја има само вакцината донирана од Србија.
Руската вакцина која ја најавува за до крај на неделава или за во недела некако е несигурен.
Уште поважно, зошто истата таа вакцина ја одби во декември?
Дали доколку ја прифатеше понудата и почнеше да преговара на време, оние кои се пријавиле за вакцинирање или дел од нив ќе беа вакцинирани?
Истите колчичини кои ги најавуваше за јануари, за февруари, сега ги најавува за месецов, за март, но датум за ниту една вакцина нема, освен извесност за 3000 дози од руската кои треба да стигнат сега во недела.
Додека се грижи Филипче за личните и партиските интереси, луѓе умираат, бројката на заболени се зголемува.
Одговорност не може да избегне.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена