ВМРО-ДПМНЕ: Европската банка стопираше 14 милиони евра наменети за Штипската клиничка болница
Уште еден доказ дека Македонија тоне секој ден, е последниот допис од Европската банка со кој ги информира властите во Македонија дека ги стопира предвидените 14 милиони евра наменети за изградба на штипската клиничка болница. Да биде најпоразително Европска банка ја констатира неспособноста и неодговорноста на власта на Заев коja од 2017-та година нема камен на камен ставено. Ако овој капитален здравствен објект беше изграден, со веќе одобрени европски пари, целиот источен регион ќе имаше современ здравствен капацитет кој ќе спасуваше животи и ќе овозможеше квалитетна нега на пациентите.
Во овие 4 години, власта на Заев наместо да инвестира во здравствениот систем беше посветена на криминал, корупција и матни тендери. Наместо капитални инвестиции беа фрлени на јакнење на капиталот на фамилијата Заеви. Ете затоа Македонија губи средства од Европа кои биле претходно одобрени, но за жал поради некадарноста на владата на Заев да изгради нешто за народот, тие средства сега се стопирани.
Европа очигледно видела дека власта има капацитет да ги топи парите или да ги злоупотребува европските средства за тренирање на магариња, па решила средствата да ги запре. Ова е меѓународна финансиска бламажа од која губат Македонија и граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Влада: Растат платите на вработените во здравството, образованието и безбедноста
-
МФ: Усвоена дополнета Среднорочна програма за стоковните резерви – ќе се складираат 1300 тони ориз со кои се покрива 60-дневна потрошувачка
-
Трамп нареди блокирање на законот за животна средина и сузбивање на климатските промени
-
Посебен сообраќен режим во Скопје поради посетата на претседателката на словенечкиот Државен збор
-
Генерален штрајк во Грција
-
Најмалку 20 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во северна Кина
-
Продолжуваат судењата против Мерко за набавката на аудито и за поставената плоча на влезот на општинската зграда
-
Почнува Делфи економскиот форум во Грција, утре учество на министерот Муцунски