ВМРО-ДПМНЕ: Ем дезертирал од служење војска, ем ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН со тапија
Ем дезертирал од служење војска, ем ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН со тапија - како Ковачевски добил и поседува уште безбедносен сертификат?!
Надлежните молчат како дезертерот Ковачевски стекнал и се' уште има безбедносен сертификат за пристап до државни тајни кога има документ дека е трајно неспособен.
Согласно член 4 точки 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации пречка за стекнување на безбедносен сертификат е демонстрирање на нечесност, нелојалност, недоверливост, како и доколку истото лице страдало од болест која може да биде пречка во неговото расудување.
Дезертерот Ковачевски со овој скандал покажа дека лаже, еднаш вика дека не служел воен рок затоа што бил на школување, втор пат кога се правда со наводни хируршки зафати. Тоа е основа за недоверливост кон него.
Дезертерот Ковачевски избегнал воен рок како обврска кон државата, што е практично демонстрирање на нелојалност.
Дезертерот Ковачевски приложил документ за ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ, што отвора сомнежи за пречки за неговото здраво расудување
Како во ваква ситуација тој стекнал и се уште поседува безбедносен сертификат за пристап до државни тајни.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај