ВМРО-ДПМНЕ: Единствената реформа на Владата се зголемените даноци
СДСМ се што вети пред да дојде на власт погази.
Единствената реформа на Владата на Заев се зголемените даноци коишто ги воведе од 1-ви Јануари 2019 година, па поради тоа голем дел од претприемачите, стопанствениците својот бизнис го селат во околните држави.
Ветуваа зголемени пензии, достоинствен пензионерски живот, а денес пензионерите имаа покачена пензија од нецели 36 денари.
Ветуваа 500 километри автопат, а им требаа речиси три години готовиот автопат којшто го имаа од Миладиновци до Штип да го пуштат во употреба. Од експресниот автопат од Росоман до Прилеп ни трага ни глас.
Инвеститорите си бегаат од Република Македонија, а пример за тоа е изведувачот од шпанската компанија „Рубау“. Тие се спакуваа, ја напуштија и ја тужат Македонија за десетици милиони евра оштета.
Ветуваа правда и мир, а нарачките им ги извршуваат обвинители, судии коишто се длабоко со рацете во криминал фатени. Русковска обвинителство го заврши случајот „Рекет“ со само тројца осомничени коишто го направиле сето ова, го осмислиле и прибрале милиони евра. Русковска обвинителство ги заштити функционерите од власта со прикривање на докази.
Целокупните политики на криминогената влада се само како да направат за нив и за блиските до нив да им биде добро.
Потребна е генерација која што не ветува чуда, генерација која што сака да биде слуга на народот и која што заедно со граѓаните може да покаже дека Македонија можела поинаку и дека Македонија има капацитет за поинаку од ова темнило кое што денеска е секојдневие.
Време е да се врати достоинството на Македонија. Потребна е обнова на Република Македонија.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата