ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС повторно испуштија можноста за консензус
ДУИ и СДС повторно испуштија можноста за консензус- Срамот и предавствата кои и ги направија на државата нема ги покријат преку таканаречен Манифест напишан во штабот на ДУИ
Срамот и предавствата кои и ги направија на државата изминатите години власта на ДУИ и СДС нема да ги покријат со замајување на јавноста со некакви документи кои си ги пишуваат во штабот на ДУИ, а ги испраќаат преку прес службата на СДС.
ДУИ и СДС преку таканаречениот манифест уште еднаш признаа дека изминатите месеци ништо не направија за зачувување и остварување на стратешките интереси на Македонија.
Седнале и напишале две страни, смислиле име, го нарекле Манифест и преку соопштение без никакви консултации, како да се работи за најнебитната работа во државава го испраќаат до медиумите, повикувајќи ги сите чинители да го прифатат.
Со овој потег Османи, Маричиќ и Груби, доколку бил консултиран и Ковачевски, само докажуваат дека немаат никаков капацитет за градење консензус за највисоките државни интереси.
Исто како пред година ипол кога власта сама си договараше и преговараше протоколи со источниот сосед, без никаква консултација со опозијата, сега повторно сами си пишуваат документи и повикуваат на консензус.
ВМРО-ДПМНЕ го нема добиено таканаречениот манифест, и откако ќе го добие тој документ, доколку има нешто суштинско за разгледување, органите на партијата ќе го разгледаат и ќе се изјаснат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана