Македонија
24. January 2022 - 16:36

ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за укинување на техничката влада, СДСМ вели дека избори нема да има

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе измените на законот за Влада со кои бара укинување на т.н. пржинска влада која се формира 100 дена пред избори, а со која опозицијата добива технички премиер, министри и дополнителни заменици министри за подобро организирање на изборите.

„Во овој период кога имаме кризни ситуации поради енергетска криза и во земјата владее општ хаос, Македонија не може повеќе да губи ниту ден, а не пак 100 дена техничка влада која нема да реши ниту еден од проблемите на граѓаните. Затоа бараме овој наш Предлог-закон да биде ставен на дневен ред на 61 седница која треба да се одржи в среда

Измените се во скратена постпака со цел побрзо да бидат донесени. Иако опозцијата овие измени ги користи како повод за предврмемени избори, вели дека тие не се услов за нив.

Предлогот веќе доби поддршка и од опозициската БЕСА која смета дека со бришење на техничката влада предвремемните избори се поблиску.

 „Владата на Република Северна Македонија и сегашното мнозинство секојдневно докажуваат дека немаат капацитет да ги водат државните институции. Секое пролонгирање на оваа нестабилна состојба може да има големи последици и политички но и за економијата на земјата“, пишува во соопштението од БЕСА.

Од владејaчката СДСМ пак, коментираат дека ова е признание дека институциите функцинираат и можат да организираат фер и демократски избори независно дали во владата има опозициски претставници. Сепак, овој предлог е прифатлив само ако има општ консензус.

 „Го спориме начинот на предлагање на ова решение со условување за предвремени зобори. За укинување на техничката Влада треба согласност од сите  политички партии во земјава, а не само од една партија. Предвремени избори нема да има туку редовни во 2024 години и дотогаш има време сите партии да седнат на маса и да постигнат заеднички договор“.

Од владејачката ДУИ потврдија за нив техничка влада, како држава членка на НАТО, е бесмислена, но и тие бараат консензус за донесување на ваквиот предлог.

Добро е да има консензус имајќи ја предвид воспоставената пракса за донесување на вакви значајни законски решенија. И овој закон, кој се изменува и дополнува е донесен и предложен со консензус. Треба да се следи таа пракса и ако има договор помеѓу ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, имајќи предвид дека не е логично земја која е членка на НАТО и аспирант за почеток на преговори со ЕУ да има техничка влада за спроведување на избори поради немање на доверба во институциите“

Пржинската влада беше дел и од последните лидерски средби меѓу поранешниот премиер Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски минатата пролет. Тогаш двајцата се согласија дека наредните парламентанри избори кога и да бидат тие ќе бидат без техничка влада.