Македонија
26. October 2021 - 9:32

ВМРО-ДПМНЕ: Да се формира кризен штаб за брзи решенија за енергетската криза

Поради алчноста и неспособноста на Заев ни претстои енергетска криза, да се формира кризен штаб за брзи решенија.

Заев и власта неконтролирано трошеа од хидроцентралите за да покажат профит во изминатата година, а сега езерата се на минимум.

Термоелектраните немаат јаглен. А немаат затоа што власта само брка тендери, а не се грижи за механизацијата во РЕК.

Директорот на МЕПСО кажа дека во изминатиов месец државата трошела дупло повеќе струја отколку што произведувала. 1/3 од струјата која недостасувала буквално е преземана од евроспкиот заеднички систем.

Како последица на таквото преземање и самиот директор на МЕПСО кажа дека само за еден месец претпријатието ќе треба да исплати 15 милиони евра кон странство, што е половина од парите кои се како добивка на МЕПСО на годишно ниво, со што ќе биде загрозена ликвидноста на МЕПСО.

Власта е неспсобна да се справи со енергетската криза, и треба да си замине.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ