ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од Димитров и Османи
Поради огромниот дипломатски скандал треба оставка на двоецот Димитров - Османи.
Извлекувањето на ерменскиот тајкун од Ерменија е правено со употреба на многу ресурси и тоа не е изведено само од тројцата дипломати.
Заев треба да каже како дипломатот Миленковски изнајмил авион и извлекол тајкун од Ерменија кој е брат на поранешен претседател и човек на лик Вице Заев? До сега не е забележано дипломати да можат да изнајмат приватен авион.
Очигледно е дека Миленковски и другите двајца дипломати се само извршители, а некој друг нарачател. Дали Заев го крие тој нарачател и дали тој е дел од власта?
Сомнително е што Миленковски е близок човек до Виктор Димовски, шеф на АНБ.
Заев мора да каже се користат ли државните ресурси за заштита на белосветски криминалци?
Дополнителна индиција дека Заев нешто крие е фактот што пионите на Спасовски во МВР сокриле од Наќе Чулев секаков документ за случајот. Дали систематски е прикриван случајот Миленковски?
Заев да почне да дава одговори. Ова се тешки скандали за државата за кои мора да има одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток