Свет
4. October 2017 - 8:56

Властите открија 47 парчиња оружје на убиецот од Лас Вегас

Масовниот убиец во Лас Вегас поседувал 47 парчиња огнено оружје на три различни локации, вклучително и во неговата хотелска соба и во домот, соопштија американските власти.

Помошник- шерифот на градот Кевин Мекмахил изјави дека, Стивен Падок инсталирал две камери пред неговата хотелска соба за да го следи доаѓањето на полицајците.

Камери за надгледување имало и во собата каде што бил сместен. Според Мекмахил, Падок пукал во толпата од 9 до 11 минути.

Според извор на телевизијата Си- Ен-Ен, Падок го собирал својот арсенал оружје повеќе од 20 години.

Во деновите пред нападот, напаѓачот префрлил 100.000 долари на сметка на Филипините. Од истрагата сакаат да ја испитаат пријателката на Падок, Мерил Денли, која, на денот на масакрот била во странство, а вчера пристигнала на Филипините. ФБИ денеска ја враќа во САД за да ја испрашува за случајот.