Властите открија 47 парчиња оружје на убиецот од Лас Вегас
Масовниот убиец во Лас Вегас поседувал 47 парчиња огнено оружје на три различни локации, вклучително и во неговата хотелска соба и во домот, соопштија американските власти.
Помошник- шерифот на градот Кевин Мекмахил изјави дека, Стивен Падок инсталирал две камери пред неговата хотелска соба за да го следи доаѓањето на полицајците.
Камери за надгледување имало и во собата каде што бил сместен. Според Мекмахил, Падок пукал во толпата од 9 до 11 минути.
Според извор на телевизијата Си- Ен-Ен, Падок го собирал својот арсенал оружје повеќе од 20 години.
Во деновите пред нападот, напаѓачот префрлил 100.000 долари на сметка на Филипините. Од истрагата сакаат да ја испитаат пријателката на Падок, Мерил Денли, која, на денот на масакрот била во странство, а вчера пристигнала на Филипините. ФБИ денеска ја враќа во САД за да ја испрашува за случајот.
Ново на Сител
-
Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации
-
Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал
-
Уапсен прилепчанец, криумчарел 13 кг тутун и текстил
-
Од актерство се живее ако многу се трудиш | Антонио Ташковски | ПРОфесија | Sitel Podcast 096
-
Утре без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор
-
Трамп: Кина не го почитува договорот за царините
-
Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите