Власта на Норвешка покрена истрага за смртта на двајцата пензионери по вакцинирањето
Власта на Норвешка ја истражува смртта на двајцата пензионери од дом за стари лица кои починале откако ја примиле вакцината против коронавирусот на „Фајззер” и „Бајонетк”.
„Мораме да процениме дали вакцината е причина за смртта, или пак станува збор за случајност по вакцинацијата“, изјави директорот на норвешката Агенција за лекови, Стајнер Мадсен.
Агенцијата заедно со норвешкиот Национален институт за здравје сега ги истражува причините за смртта на пензионерите.
Мадсен исто така додаде дека смртните случаи кај луѓето во поодминати години кои први ја примаат вакцината против коронавирус, можно е да се сосема случајни.
Норвешка во меѓувреме ќе воведе нови ограничувања со цел да го спречи ширењето на коронавирусот, порача премиерката Ерна Солберг и порача дека новите мерки ќе вклучуваат забрана на служење на алкохол во рестораните и баровите.
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари