Владо и Дунавка - 20 години симпатија
Откако манекенката и бизнисменка Дунавка Трифуновска се појави во новиот спот на Владо Јаневски, а потоа сподели и неколку заеднички фотографии, медиумите објавија дека тие се во врска која трае уште од пред снимањето. „Репортер.мк" ја контактираше Дунавка, која ни откри дека со популарниот музичар неодамна прославиле дваесет години симпатија.
„Јас и моето семејство сме негови фанови отсекогаш. Владо го запознав како 'клинка' во Преспа на изборот за Мис на Македонија 1998 година, на мојата прва ревија. Тој беше штотуку вратен од Бирмингем, од Евровизија. Оваа година на денот кога се запознавме и го снимавме спотот со Бане Томато, прославивме 20 години симпатија", рече Дунавка.
Дунавка, која ја има главната улога во спот на Владо за песната „Главен град на тагата", неодамна објави слика на која е прегрната со Владо. Покрај сликата, меѓу другото, напиша „Те сакам будало мала", што дополнително ги поттикна озборувањата дека манекенката и музичарот се во врска.
Ново на Сител
-
Најавени уште 120 тужби против Диди
-
Младите во ЕУ го напуштаат домот на родителите на 26,3 години просечно
-
Анчелоти по поразот од Лил: Противникот беше посилен и мораме да го прифатиме тоа
-
Субименди: Не жалам што не преминав во Ливерпул
-
Лукаку и Де Бруин ја одбија поканата за репрезентацијата
-
Меси се враќа во тимот на Аргентина
-
ФИФА одлучува дали ќе го исфрли Израел од меѓународниот фудбал
-
Барселона сака да го врати Нејмар следното лето