Спорт плус
30. March 2022 - 12:12

Владимир Ергов е европски шампион

Владимир Егоров е европски шампион откако во големото финале на Европското сениорско првенство во борење во Будимпешта славеше против Азарбејџанецот Алијабабас Рзазаде со 8-6.

Ова е голем успех за македонското борење. Егоров го освои вториот медал на европските првенства, откако освои бронза на Европското првенство во 2019-тата година.

Успехот на македонските борачи може да биде уште поголем ако утре Бесир Алили го освои бронзениот медал во категоријата до 61 кг.