Владика Наум: Следниот чекор е заедничко сослужение на светата литургија на БПЦ и МПЦ-ОА
Следниот чекор е заедничко служење на светата литургија со што заедно во пракса ќе ја исполниме одлуката на БПЦ со која таа прифати да биде црква мајка на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, истакна струмичкиот митрополит Наум во интервју за бугарската агенција БГНЕС прашан за тоа кои се следните чекори меѓу двете цркви.
- Ако двете цркви заедно не служат света литургија, тогаш каков и да има договор меѓу нив или еднострани дејствија тие нема да имаат смисла, ниту содржина. Нашата црква и сега е многу благодарна на БПЦ за крстот кој го презеде со одлуката да не претставува, да се застапува за нас и да ни помага да бидеме дел од православниот свет. Но, смирено чекаме тој крст да ни донесе воскресната радост од заедничкото причестување со светите Христови тајни од еден ист путир. Ние очекуваме овој заеднички чекор да се случи многу скоро. Деновиве испративме писмо до неговата светост патријархот Неофит со братски повик за заедничко служење на светата литургија, вели митрополитот струмички Наум.
Тој посочува дека е запознат со информацијата дека Вселенската патријаршија гледа позитивно на барањето на МПЦ-ОА БПЦ да биде нејзина црква мајка.
- Последниот збор се разбира ќе го има вселенскиот патријарх Вартоломеј - таков е редот во Православната црква. Колку што ми е мене познато и тоа е сосема нормално, вселенскиот патријарх неуморно работи на единството на една света соборна и апостолска црква - тоа е неговата основна задача. Ние веруваме, но и гледаме дека се што се прави во Православната црква во согласност со оваа задача е истовремена радост и утеха, преку светиот дух, и за самиот вселенски патријарх Вартоломеј, рече митрополитот Наум.
Според него, познати се заедничките предизвици со кои се соочуваат православните цркви во Република Македонија и во Бугарија.
- За општите предизвици со кои денес се соочува црквата Божја нема да говорам зашто тие се познати. Најсуштинско и најважно е дека црквата треба да се соочи со сопствените предизвици. Во црквата нема доволно вистински духовни отци и духовни лидери кои правилно ќе размислуваат за доброто и за злото, кои ќе донесат храбри одлуки и ќе застанат зад нив, кои ги решаваат проблемите и кои се способни да ги привлечат и водат верниците. Недостигот на духовни отци-лидери е клучниот проблем на црквата денес, оценува митрополитот струмички Наум.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре