Владата во Тетово ќе ја одржи 165. седница, најавени министерски теренски активности
Владата на Република Северна Македонија вечер во Тетово ќе ја одржи 165.седница. Пред одржувањето на седницата ќе има и министерски теренски активности.
Како што соопшти владината прес-служба, министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарески и Крешник Бектеши, и директорите на Јавното претпријатие за државни патишта и на ЈП Македонија пат, Зоран Китанов и Беким Мемеди ќе направат увид во реконструкцијата на транзитот низ Тетово, регионалниот пат Тетово – Јажинце.
Министерот Бектеши ќе ја посети компанијата „Федер Бау“ во Индустриската зона Тетово. Државниот секретар на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Нефрус Челику ќе направи увид во градежни работи на системот за наводнување Равен – Речица кај селото Топлица.
Министерот за здравство Венко Филипче ќе го посети Клиничкиот центар во Тетово, а министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска ќе ја посетат пекарата „Ремини“.
Ново на Сител
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков