Македонија
19. September 2022 - 16:39

Владата тврди дека и во 2002 било попишано вкупното население

Владата нема намера да го промени начинот на кој го пресмета процентот за вработувања во јавниот сектор. По бурните реакции изминатите денови во јавноста, оттаму остануваат на ставот дека дијаспората ќе остане во балансерот. Ќе се одземат само 2та проценти кои министерот Алити своеволно ги пресмета како Албанци од бројката на оние кои го бојкотираа пописот. Според ова во државниит сектор од почетокот на наредната година треба да бидат вработени 29,5% етнички Албанци.

Владата не воведува нова, туку само ја усогласува алатката со податоците добиени на последниот попис. Се работи за истата основа која што била направена за време на претходната власт според податоците од пописот во 2002-ра. И тогаш како податок е земено вкупното население, се вели во одговорот кој го добивме. 

Сепак, со пописот во 2002-та година немаше можност за електорнско попишување на дијаспората како што беше случај со пописот  минатата година. Бројките од 64,17 % Македонци и 25,17 % Албанци пред 20 години беа добиени со попишување само на граѓаните кои живеат во Македонија и дијаспората која имаше можност да се попише само со лично присуство. 

Вбројувањето на дијаспората во политиките за вработување во администрацијата е спротивна и на законот со кој се уредува ова прашање. 

Членот 20-а, став 4  од Законот за вработените во јавниот сектор јасно пропишува дека како основа за распределба на бројот на нови вработувања по припадност на заедницата се земаат податоците од последниот попис за населението за териротијата на цела Република Македонија. Вбројувањето на дијаспората никаде не се споменува ниту во Рамковниот договор, каде сите обврски на државата се темелат на проценти од населението кое живее во државата.

Инаку името на минисерот Алити кој ги пресмета новите бројки во балансерот, се споменува како еден од министрите кој може да биде сменет при евентуална реконструкција на владиниот кабинет. Алити засега не ги коментира ваквите информации.