Македонија
15. November 2022 - 16:33

Владата подготвува нов закон за плати, опозицијата објави нов список со функционери кои земаат плата од неколку илјади евра

Нов закон за плати според Премиерот ќе биде добро решение за да се стави ред во јавниот сектор по информациите дека одредени директори кои ги поставува Владата месечно ги плаќаме и по неколку илјади евра.

И додека премиерот готви ново законско решение опозицијата продолжува со аферата паразити. И денеска објавени имиња на неколку директори кои месечно заработуваат и по 6 просечни плати.

Неодамна во јавноста беше објавена платата на директорката на детската клиника која веднаш потоа на барање на Министерот за здравство си поднесе оставка.

Вчера, опозицијата објави дека двајцата директори во македонска навигација месечно за плати си префрлаат вкупно 10.000 евра.