Македонија
23. August 2023 - 16:28

Владата почнува кампања ,,Ние сме Европа‘‘ за 80.000 евра иако нема обезбедено мнозинство за уставни измени

Вицепремиерот Маричиќ не верува дека ке ја убеди опозицијата да гласа за уставните измени, но затоа ќе се обиде преку кампањата „Ние сме Европа“ тешка 80 000 евра да ги убеди граѓаните дека единствена опција за иднината на државата е ЕУ.

-Се сомневам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи уставни измени, а ако е така, тогаш сметам дека е неопходно ќе биде да се искристализираат две политички опции на оние кои се за членство во ЕУ и на оние кои се против“

Маричиќ се надева дека во процесот на убедување ќе помогне и самата Европска Комисија, која треба да ги расчисти дилемите на опозицијата за гласање за промена на Уставот.

Владината кампања за промоција на ЕУ ќе започне на 30 август и ќе трае десет дена во кои ке бидат организирани повеќе трибини во низа градови во државава.