Владата планира разузнавачките служби да функционираат во една агенција
Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат и ќе функционираат како една агенција, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е планот на новата Влада за разузнавачките служби.
- Да, точно, планот и тоа е дел од Програмата за работа на оваа Влада. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност да се спојат и да се фузионираат во една агенција и тоа можам да кажам дека ќе биде процес којшто ќе трае неколку месеци. Очекувам да заврши успешно во Парламентот, изјави Мицкоски.
Ваков тип на спојување на служби имаат направено многу држави што се земји - членки на НАТО. Меѓу нив, како што појасни Мицкоски, во соседството се Република Словенија на крајот на деведесеттите години, потоа Република Хрватска на почетокот од овој милениум.
-Тоа е дел од Програмата на Владата и тоа ќе го направиме во месеците коишто следат, рече премиерот кој беше во Бутел на ставање на камен темелник на нова градинка.
Ново на Сител
-
Филипче веќе лобирал кај Европските сестрински партии да го поддржат извештајот за Македонија
-
Трошановски: Извештајот во ЕП е добра можност евроинтеграциите да се заштитат од бугарските барања
-
Граѓански иницијативи бараат итни законски измени за незавнисните кандидати на локалните избори
-
Кичевчани се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет
-
Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден
-
Преглед на вестите од светот
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио