Владата останува посветена на изнаоѓање решение со Бугарија
По вчерашното вето од страна на Бугарија за старт на преговорите со ЕУ, од македонската влада денеска велат дека остануваат посветени на преговорите за решение.
"Сметаме дека Договорот за добрососедство е одлична рамка за изнаоѓање на решение за отворените прашања со Бугарија, но за македонскиот јазик и идентитет не може да се преговара. Со конструктивност и дијалог се уште има шанси за постигнување договор за Македонија да може да ги стартува преговорите со Унијата до крајот на годината, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес конференција.
Во однос на барањата на опозицијата за градење на единствен национален став за државните интереси, Арсовски вели дека сега не е време за лидерска средба бидејќи ставот на Влада е јасен, но ги повика политичките партии на одговорно однесување без да се шири говор на омраза.
Деспина Тодоровска
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис