Владата одобри 1,1 милијарда денари за континуирано снабдување со топлинска енергија во Скопје
– Владата на денешната 85-та седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.
Како што соопшти владината Прес-служба, пред почетокот на грејната сезона, Владата донесе Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) во државна сопственост, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.
– Со преземените соодветни мерки од страна на Владата се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на Градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите за време на годинешната грејна сезона, се наведува во соопштението.
На седницата министрите донесоа и Одлука за издавање на хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како НСВ (Namensschuldverschreibungen), во износ од 250 милиони евра.
– Овој инструмент со својата каматна стапка и рок на доспевање е најдобрата опција за портфолиото на јавен долг, односно каматната стапка изнесува 3,75 отсто плус шест месечен ЕУРИБОР, со рок на отплата од три години и 18 месеци грејс-период, се наведува во соопштението.
НСВ е инструмент кој обично го издаваат висококвалитетни клиенти со стабилен инвестициски кредитен рејтинг, а хартиите од вредност се купени од страна на германски инвеститори. Како регистрирана хартија од вредност, од страна на „Дојче банк“ до сега е издадена во Полска, Ирска, Белгија и Шпанија. Овој финансиски инструмент покрај „Дојче банк“ го издаваат и германската инвестициска банка КФВ, Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД) и Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување