Бизнис
6. December 2022 - 16:35

Владата не побарала нови услови од ЕБОР за кредитот од 100 милиони евра

Неискоритени пари стојат, проекти не се реализираат.  Владата не побарала пренамена на кредиот од ЕБОР вреден 100 милиони евра , за полесно справување со енерегетската криза.  

Парите се замрзнати , зато што опозицијата го блокираше законот во Собранието. Од Европаката банка за обнова и развој велат дека би можеле да размислат дали би го одобриле под нови услови. Втор проект, каде се замрзани  70 милиони евра е БРТ, односно  Бас рапид транзит, според кој Скопје би добил автобуско метро.

Проектот го стопираше градоначалничката Арсовска кога стапи на функција – ветувајќи  бесплатен  превоз и нови автобуси, е не брзо метро.  Само за овој проект државата годишно плаќа по 350.000 евра за пенали. Тоа е обврска, која мора да се исполни,  велат од ЕБОР. Но парите уште стојат

За вицепремиертот Битиќи несватливо е градот Скопје неместо да реализира модерни проекти, да се потпира на 30 години стари автобуси  и да заликува на град од 80 тите години

Инаку  парите од БРТ проектот стојат резервирани повеќе од една година, додека за енергетската  криза  неколку месеци. Опозицијата не го изгласа Законот  затоа шпто, според нив требаше ТЕЦ Осломеј да се затвроти до 2023 та, додека до 2027 та постепено и трите блока на РЕК Битола. Власта уверува дека поради  енерегетската криза, РЕК нема да се затвори, туку еден блок ќе се трансформира од јаглен на гас.