Балкан
6. јуни 2024 - 15:31

Владата на Србија предложи нападот врз здравствените работници да биде посебно кривично дело

Владата на Србија денеска предложи во Кривичниот законик да се пропише посебно кривично дело и посебни казни за напад врз вработени во здравствени установи.

Во соопштението се наведува дека „изготвувањето на Кривичниот законик е во тек и ќе биде во собраниска процедура кон крајот на годинава“.

Целта е да се обезбеди поголема заштита на вработените во здравствените установи и да се спречат нападите врз нив, на кои често се изложени.

Предлогот е „со цел спречување и заштита на вработените во здравствените установи, во врска со работата што ја вршат“.