Свет
22. December 2015 - 9:25

Владата на Мали прогласи десетдневна вонредна состојба

Владата на Мали прогласи десетдневна вонредна состојба од полноќ, како последица на низа закани од неименувани џихадистички групи групи, јави БТА.

„Вонредната состојба има за цел да се дадат на соодветните власти средства кои ќе им овозможат да преземат мерки против заканите по безбедноста на луѓето", се наведува во владината изјава, без да се посочат други детали.