Македонија
12. December 2019 - 16:55

Владата ќе реагира за ставот на БАН- историчарите разочарани од развојот на односите Скопје - Софија

Премиерот Заев најави дека Македонија официјално, преку МНР,  ке реагира на ставот на Бугарската академија на науките  со кој македонскиот јазик се дефинира како бугарски дијалект.Сепак тој верува дека тоа нема да го минира договорот за добрососедство кој е услов за  бугарската поддршка за македонските евроинтеграции.

Договорот со Бугарија е „внимателно испишан од двата народи заради идентитетските прашања“ и е потпишан на македонски и на бугарски јазик „согласно уставите на двете држави“.Таа формулација согласно уставите на државата во самиот договор покажува дека Бугарија се уште не е на чисто со признавањето на нашиот македонски јазик. Тоа е прашање што остана да го решиме низ имплементацијата на договорот и јас верувам и уште еднаш апелирам ако сме Европејци и ако се залагаме за европска демократија и за европските вредности и права, тоа прашање час поскоро да го надминеме.

Ваквиот оптимизам не го дели престедателот на експертски тим во заедничката македонска буграска комисија Драги Георгиев . Тој не е изненаден од ваквиот став на бугарските академици, но не гледа како да се излезе од овој лавиринт.

 Тоа е генералниот став на сите лингвисти во Бугарија. Но, ова ги доведува во апсурдна ситуација и односите меѓу двете земји, а секако и работата на заедничката Комисија.

Од МАНУ  во ставот на своите колеги од Бугарија гледаат вемшаност на политиката, но се андеваат дека постои простор за разговор.

Имаме одлични односи со Бугарската академија. Тој документ излезе таков каков што излезе, но јас имам и други информации дека не сите академици на БАН го поддржале тоа. Тука има инволвирање на државната бугарска политика во овие работи, што не е во ред. Нема да ги расипеме односите со БАН, ќе разговараме, ние сме се договориле дека нема прашања за кои не може да разговараме, дури и за најсензитивните, изјави денеска академик Фити пред почетокот на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на академик Ксенте Богоев.

Македонско-бугарската комисија во моментов е во мирување. Новите средби ке продолжат по изборите. На последните состаноци двет страни запнаа околу ликот и делото на Гоце Делчев.