Македонија
12. March 2021 - 16:16

Владата ќе расправа за фискалната децентрализација, ИПА III стратешкиот одговор и акциските документи до ЕК

Владата вечерва преку видеоконференциска врска ќе ја одржи 53-тата редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопшти владината Прес-служба.

На оваа седница, како што се наведува во соопштението, Владата ќе ја разгледа информацијата за унапредување на процесот на фискална децентрализација, што ќе ја презентира министерот за финансии.

– Пред министрите во Владата денеска ќе се најде и информацијата за доставување на ИПА III стратешкиот одговор и Акциските документи за 2021 до Европска Комисија, како и информацијата за подготовка на седумнаесеттиот состанок на Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика кој ќе се одржи на 23 март, се додава во соопштението на владината Прес-служба.