Владата ќе ја прифати минималната плата што ќе ја договорат работодавачите и работниците
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска останува на ставот дека Владата ќе прифати онолкава минимална плата во државава колкава што ќе договорат работодавачите и работниците.
- Не знам зошто има коментари дека сме биле во судир со синдикатите во однос на минималната плата. Бев многу јасна и кажав - ќе се договорат работодавачите и работниците колку едните можат да испорачаат, а колку другите можат да платат, а за нас ќе биде прифатливо сето тоа што ќе го договорат. Имаат дијалог меѓу себе и што ќе прифатат таму ние сме должни да го обезбедиме, а особено како Министерство за финансии, потенцира Димитриеска Кочоска во одговор на прашање по денешното потпишување Меморандум за соработка со Економскиот факултет во Скопје.
Не би дискутирала понатаму, додаде, да оставиме на дијалогот помеѓу двете страни.
- Што ќе договорат како министер за финансии ќе го почитувам, рече Димитриеска Кочоска.
Ново на Сител
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ