Бизнис
28. March 2019 - 16:35

Владата ја поправа сликата пред германските инвеститори

Германските инвеститори на итен состанок во Владата. Откако вчера објавија дека ниту една компанија не рекла дека Владата работи добро, утрово на состоанок ги викнал вицепрмиерот Анѓушев. Тој вели дека овие критики ќе им бидат патоказ за во иднина.

Претставникот на германските инвеститори по средбата со вицепрмеиерот, со поблага изјава. Вели дека се партнери со Владата.

Домашните стопанственици пак  ја пофалија брзината со која Владата ги сослуша проблемите на странските инвеститори.

На истите недостотаоци кои вчера ги посочија Германцијте, долго време реагира и домашната јавност, а дополнителен проблем велат дека е неусогласеноста на министрите од економските ресори.

Гераманските инвестотори во анкетата која ја презентираа вчера се изјасниле дека се оптимисти за оваа година. 76% од нив повотрно би инветсирале во земјава затоа што посебно се задоволни од работниците.

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова