Владата го утврди Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации
Министрите во Владата вечерва на седница го утврдија Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации, соопштија од владината прес-служба.
Целта на измените и дополнувањата на Законот за електронските комуникации, според соопштението на Владата е да се ограничи, забрани и/или наметне специфични барања и услови базирани на процена на ризик, во однос на снабдувањето, употребата и работењето на опремата за електронските комуникациски мрежи, со цел да се обезбедат „чисти и безбедни електронски комуникациски мрежи“.
– Измените и дополнувањата на Законот ги земаат предвид и безбедноста на критичните и чувствителни делови на електронските комуникациски мрежи, безбедност на самата опрема или околината (употреба, интерконекција итн.), ризикот од инволвирање на трета земја во ланецот на снабдување на опрема за електронските комуникациски мрежи, ризик од голема зависност од еден добавувач и производител на ниво на оператор на национално ниво, како и да се елиминираат ризици за националната безбедност, информираат од Влада.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток