Владата го усвои предлог-законот за зголемување на акцизата на нафтата
Владата на седница го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на дизел горивото кое се користи како погонско гориво и на екстра лесното масло за домаќинство што се користи како гориво за греење, за три денари.
Како што претходно беше соопштено зголемување на акцизата се предлага од 1 јануари 2018 година, а очекуваниот ефект во буџетот за наредната година е 1,6 милијарди денари.
Зголемувањето на акцизата на нафта Владата го предлага како
соодветна измена на даночната регулатива. Притоа, ефектите од оваа мерка се зголемување на буџетските приходи, усогласување со европските стандарди и регулативите на Европската Унија, како и заштита на животната средина, односно намалување на загадувањето.
Ефектот од зголемување на акцизата на нафтата соодветно е изразен и во очекувано зголемување на приходите од ДДВ за околу 350 милиони денари, што е проектирано во Прелог-буџетот за 2018 година.
Ново на Сител
-
Нема простор за сомнеж за постапувањето на затворските полицајци, вели синдикатот на УПОЗ при КПУ Затвор Штип
-
Салах потпиша нов договор со Ливерпул
-
Приведен струмичанец, возел со 2,19 промили алкохол во крвта
-
„Прада“ го купува „Версаче“ за 1,25 милијарди евра
-
Ерик Дејн боледува од неизлечива болест
-
Лишени од слобода три лица од Скопје барани по централни потерници
-
Сe уште неотворена вандализирана нова градинка во Бутел | ФОТО
-
Без вода делови од Чаир