Бизнис
22. July 2022 - 16:41

Владата го откри планот, ако се случи најлошoто сценарио ќе прогласи кризна состојба

Наредниот месец Владата ќе прогласи кризна состојба за електрична енергија. Ако се реализира најлошото сценарио, а тоа е Европа да забрани извоз на струја, а Русија ја сопре испораката на гас -  земјава да има алтернатива. Ќе ги стави во функција сите електрани, но ќе ги пренамени, односно ќе го врати мазутот во игра.

Бектеши очекува тешка зима. Најавите се дека цените на струјата и храната ќе продолжат да растат. Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе траат до крајот на година, но листата ќе се прошири и со нови продукти.

За моменталната состојба, кога и покрај замрзнатите маржи, цените, посебно на лебот, секојдневно растат, министерот вели дека со новиот закон за заштита на потрошувачи, состојбата ќе се смени.

 -Јас верувам дека цените ќе паднат, а не да растат, додава Бектеши.

Инаку нов пакет мерки ќе има од септември. Но тој ќе биде само за примателите на социјална помош, пензионерите и за лицата со многу ниски примања.