Бизнис
14. August 2015 - 16:24

Владата ги усвои законските измени и го реши проблемот со стажот на земјоделците

Над 400 земјоделци ќе земaат старосна пензија од 1 јануари. Владата ги усвои измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување ,како што во вторникот вети премиерот Груевски. На земјоделците ќе им биде признаен стажот кој го плаќале според Законот што се применувал од 78та до 88 со што ќе имаат 15 години за да го остварат правото на старосна пензија.

Законот за брзо време треба да влезе во Собрание. Заинтересираните земјоделци  треба да поднесат барање до ПИОМ за да може работниот ангажман од овие 10 години да им биде признат.

Државата со измените им излегува во пресрет на барањата на пензионерските здруженија, синдикатите како и голем број на граѓани.

За исплата на пензиите годишно ќе бидат издвоени околу 34 милиони денари.