Владата ги објави платите на премиерот Мицкоски и министрите
Владата на својата официјална веб - страница во делот „отчетност“ ги објави платите на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и на министрите.
Највисока нето плата зема претседателот на Владата Мицкоски, односно 140.450 денари, а сите останати министри во неговиот кабинет земаат плата во износ од 115.540 денари. Исклучок е министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој зема дополнителни 24.865 денари, односно вкупно 140.405 денари. На министерот за внатрешни работи во Влада на Република Северна Македонија, како што стои на веб страницата, му се утврдува зголемување за 20 отсто на платата утврдена за извршување на функцијата. Додатокот на плата се исплаќа согласно решение бр.16-1561/2 од 12.06.2017 година.
-Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок, стои во објавата на владината веб - страница.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен