-->
-->
Владата еднострано го раскинува Договорот со концесионерот на Казандол
-->

- Владата на РМ е посветена целосно на економскиот раст и заштита на здравјето на граѓаните. Здравјето на граѓаните е над било кој приватен интерес и еколошката безбедност на државата над било кој приватен интерес. Оваа порака ја испраќаме до граѓаните на Валандово, Богданци, Дорајн, но и до сите жители на РМ. Владата денеска донесе одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија на Казандол бидејќи концесионерот не ја исполнил обврската од Договорот за концесија во рок од две години од денот на доделување на концесијата да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар, рече премиерот Заев.
Како што додаде предвидениот рок од две години од Договорот е суштинска состојба на Договорот бидејќи е даден и како услов во јавниот повик и оти доколку не се раскине договорот и не се постапи законски Македонија може да биде тужена од други потенцијални концесионери.
Одлуката влегува во сила наредниот ден по објавување во Службен весник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Малолетничка физички нападната од страна на вработено лице пред училиште
-
Ватикан: Папата покажува постепено подобрување, намалена потреба за маска за кислород
-
Поевтинуваат горивата
-
39-годишен маж пронајден мртов во својот дом
-
Измамен за посредување работа во странство, жител на неготинско село оштетен за 77.461 денари
-
Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО
-
СДСМ: Пак нема лекови на Онкологија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пред Велигден ќе има терапија