Бизнис
15. јуни 2021 - 21:19

Владата целосно ги олесни Ковид мерките - Како ќе се контролира новонастанатата ситуација?

По новото олабавување на рестрикциите , пазарен ги чека новите протоколи  по кои треба да се прават контроли и да се види дали се почитуваат. Се очекува да ги добијат уште утре откако денеска Владата ги донесе новите одлуки. И покрај зголемениот обем на работа, од ДПИ уверуваат дека имаат доволно инспектори. Дури и ги пролонгирале  и своите годишни одмори. Како и до сега ќе бидат постојано на терен и на располагање ќе биде  целиот кадар.

Со новите одлуки на владата а по препорака на комисијата за заразни болести, од утре повеќе нема полициски час. Се дозволува на отворено организирање на концерти, журки во летни ноќни клубови, но со максимум 1.000 лица.  Од утре и на свадба ќе може да присуствувата повеќе од 100 гости, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на ресторанот.

Се укинува и ограничувањето на работното време. Угостителите од утре ќе можат да работата како пред пандемијата.

Сепак и натаму  рестораните за свадби без летни тераси остануваат затворени. Останува и мерката музичарите да можат да свират само на свадби, без играње ора.

Инаку сопстевениците на ресторан за прослави  кои се со големи летни тераси работата веќе две недели. Од ДПИ велат  дека мерките се почитуваат во целост и досега не напишале ниту една казна. ч

Олабавувањето на рестрикциите се одложи на подобрување на епидемиолошката слика во земјава која според здравствените власти е стабилна и го дозволува тоа.