Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
Уште едно ветување на Владата станува реалност. Од денеска започна исплатата на септемвриската пензија со покачување од 2500 денари. Иако ветувањето беше дека во првата година од мандатот ќе се покачат пензиите, Владата во првите 100 дена го реализира ова ветување, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Во него се посочува дека над 330.000 пензионери од денеска го земаат покачувањето од 2500 денари, а од март следната година следува уште едно покачување за 2500 денари, со што пензионерите конечно го добиваат она кое што го заслужуваат, достоинствени пензии и поквалитетен животен стандард.
Линеарното покачување на пензиите за вкупно 5000 денари е уште едно ветување реализирано од страна на Владата и премиерот Христијан Мицкоски.
За Владата недозволиво е пензионерите наместо да уживаат во своите пензионерски денови, да протестираат и да молат за повисоки пензии.
Владата останува 100% посветено да работи за пензионерите и за сите граѓани.
100% посветени. За тебе!
Влада на Република Северна Македонија
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место