-->
-->
Влада: Средбата со НУК не е откажана
-->
На барањето на Независната угостителска комора за средба со владини претставници беше одговорено потврдно и закажана е утре, петок 29.01.2021 година во 14:30 часот во Свечена сала на Владата на Република Македонија.
Утрово го известивме претседателот на НУК, Здравко Јосифовски дека поради неодложни приватни обврски вицепремиерот Битиќи нема да може да присуствува на средбата, но дека истата ќе се одржи со министерот за економија, Крешник Бектеши и претставник од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања.
Во кабинетот на вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши се уште не е пристигнато никакво известување дека средбата се откажува ниту дека претставниците на НУК не сакаат да се сретнат со претставници на Владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската Влада знае што треба да направи за проширувањето
-
Даниела Димовска избрана за в.д претседател на Кривичен суд
-
Полицијата се уште трага по возачот што го прегази Југо на пешачка патека
-
Партиите ги засилуваат теренските активности пред локалните избори
-
Повеќе здравствено осигурени отколку попишано население во државата
-
Нова инвестиција од 30 милиони во автомобилската индустрија