Влада: Слободан Ивановски нов вд директор во Управата за финансиска полиција, Џеват Селами во Дирекцијата за заштита и спасување
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлуки за именување нови кадровски решенија во неколку институции.
Како што стои во соопштението владината прес служба, со заклучок донесен на седницата, Владата му предложи на Собранието на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје, од должноста член на Надзорниот одбор како претставник на Владата да го отповика Златко Лазиќ, а на негово место да го избере Бојан Николовски.
На позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција се именува Слободан Ивановски. Ивановски, се посочува, е магистер по правни науки со положен правосуден испит. Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи, а во моментот е претседател за Комисија за прекршоци на УЈП - Регионална дирекција Прилеп.
Џеват Селами, е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Селами, се наведува во соопштението, е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување.
Владата го разгледала и Предлогот на Комисијата за разгледување на пријави од кандидати по објавениот Јавен оглас бр.07/2024 за именување на еден член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и согласно член 18 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019, 236/2022, 134/2024 и 147/2024), и заклучила да му предложи на Собранието на Република Северна Македонија за член на ова регулаторно тело да ја именува Елена Маркова Велинова, се посочува во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-
„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“
-
Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа
-
Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
-
Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари
-
Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
-
Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа
-
Австрискиот канцелар Карл Нехамер го прифати мандатот за формирање влада