Влада: Протокол за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија
Владата на Република Македонија на денешната 25-та седница го донесе Протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот.
Овој протокол, како што соопшти владината прес-служба, го уредува медиумското присуство на јавни настани, односно обврските кои организаторот треба да ги преземе за да обезбеди безбедна и непречена работа на медиумските работници, а воедно и на сите присутни.
Содржи два дела, општи генерални насоки кои се однесуваат на сите јавни настани на кои организаторот предвидува медиумско присуство, и посебен дел кој се однесува на настани кои се во организација на владини институции, односно на истите има присуство на владини претставници.
Протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот е изготвен во координација со Комисијата за заразни болести, со Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинарите на Mакедонија и во консултација со Министерствата и другите ресори во состав на Владата, се додава во соопштението.
Протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот е објавен на веб страницата на Владата на следниот линк: https://vlada.mk/protokoli-
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација