Бизнис
31. October 2022 - 11:18

Влада: Производството и снабдувањето со струја од АД ЕСМ е стабилно

АД ЕСМ вчера произведе 13.309 мегават часови електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи.

При тоа, како што информираат од Владата, во термоелектраните се произведени 8.954, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.355 мегават часови електрична енергија.