Влада на РМ: Платени над 800.000 евра за работници кои не оделе на работа
Голем број лица од 166 до 80 (точниот број варира), кои биле вработени од страна на поранешниот Генерален секретаријат не доаѓале на работа, а примале исплата на финансиски средства, односно плата. Ова го утврди внатрешната ревизија во рамки на Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија.
- Исплатата на платата според внатрешната ревизија е направена за неизвршена задача што е во спротивност со Законот за работни односи како и Законот за административните службеници, информира денеска владината прес-служба.
Во 2016 година за 166 државни службеници кои не доаѓале на работа биле исплатени 50.776.872 денари или речиси 830.000 илјади евра, со што за истата сума е оштетен буџетот на Република Македонија.
- Владата на Република Македонија во согласност со наодите од извршената ревизија, формира комисија и отворена е дисциплинска постапка против вработените лица која, во согласност со Изборниот законик, својата работа ќе ја продолжи по завршувањето на локалните избори, се вели во соопштението.
Владата на Република Македонија нагласува дека постои можна одговорност и кај работодавачот и кај работниците.
- По завршување на дисциплинската постапка Владата ќе ја информира јавноста за понатамошнитот тек на постапката, информира владината прес-служба.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар